Хоџа: Регионалниот систем за отпад се реализира – клучна реформа за зелен пресврт

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска имаше воведно обраќање на панел-дискусијата „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“, каде истакна дека регионалното управување со отпад е една од најважните реформи во областа на животната средина и една од најголемите инвестиции во секторот.

„Предолго зборувавме за модерно управување со отпад, а премалку се реализираше. Денес веќе се случува конкретна имплементација – воспоставување на првите регионални центри за отпад, трансфер станици и испорака на современа механизација за општините“, порача Хоџа, додавајќи дека целта е воспоставување систем што конечно ќе стави крај на дивите депонии и застарениот начин на третман на отпадот.

Министерот нагласи дека државата постепено треба да премине од модел на депонирање кон циркуларна економија, каде отпадот ќе се третира како ресурс, а не како проблем. Тој посочи дека во процесот веќе се обезбедени средства и меѓународна поддршка, но дека успехот ќе зависи од функционален и одржлив систем, координација со општините и повисока јавна свест. „Ова е обврска кон идните генерации и кон природата што треба да ја зачуваме“, истакна Хоџа.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content