Како што информираа од ДУИ, партијата веќе ја информирaла сета домашна и меѓународна јавност, амбасади и организации, за, како што велат оттаму, овој досега невиден политички притисок врз правосудството.
„Наместо да се одважат, издигнат, и да прифатат правни одлуки, глумат обвинители од Тему, иако го немаат ниту прочитано извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) ниту одлуката на Обвинителството. ДЗР нема ниту една експертиза за вештачење, но ВМРО упорно ја лаже јавностa. Напротив, Обвинителството има добиено посебни вештачења и за квалитетот и за штетата. Го повикуваме јавниот обвинител, Здружението на јавни обвинители, Советот на јавни обвинители, судството, фелата, САД и ЕУ, медиумите, да го осудат овој брутален и неприфатлив терор врз правдата“, велат од ДУИ.
Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне
