Филипче: Земјите членки на ЕУ и Бугарија потпишаа договор на македонски јазик, тоа е успех на СДСМ

Во однос на тврдењата на ВМРО дека македонскиот идентитет и јазик би биле загрозени во текот на преговорите со ЕУ, Филипче во интервју за „360 степени“ нагласи дека преговарачката рамка јасно го признава македонскиот јазик.

„Во 2022 година, кога бугарскиот парламент гласа за нашата преговарачка рамка, исто како што гласаат и ја поддржуваат сите други земји членки на Европската Унија, таму конечно пишува дека нашиот јазик е признаен како македонски јазик. Чист македонски јазик. Не како што беше претходно, македонски јазик како што е во Уставот, тој додаток се трга. Чист македонски јазик. И сите земји членки така ја гласаат преговарачката рамка“, рече Филипче.

Во тој контекст, Филипче нагласи дека внесувањето на малцинствата во Уставот не претставува ризик за македонскиот идентитет каков што сака Мицкоски и неговата влада да го претстават, туку отвора можности за економски и институционален развој на државата.

„Ставањето на малцинствата во Уставот е влегување во процес кој што на Македонија ќе ѝ донесе пари за инфраструктура, за плати, да се зајакнат патишта, пруги, болници, градинки, училишта и така натаму. Поголеми плати и пензии, повеќе можности за младите тука да работат. Гледајте ги стартапите во Хрватска, од некои стотици илјади евра, после влегувањето во ЕУ, милијарди евра вредност нивните стартап компании станаа“, рече Филипче.

Тој додаде дека европскиот процес значи и воспоставување европски стандарди во правосудството и институциите, нешто што на Владата на ВМРО не и одговара.

„Ова е влез во процес во којшто тука треба да има европска правда. Ете ги работите кои што оваа власт не ги сака“, рече  Филипче.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content