Минчев – Памер: Продлабочување на партнерството за модерна и квалитетна јавна администрација

Средбата, информираат од Кабинетот на министерот за јавна администрација, се одржала во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете држави, со фокус на унапредување на институционалната соработка и поддршка на реформските процеси. Соговорниците ги истакнале постигнатите резултати во имплементацијата на Заедничката рамка за оценување (CAF) и важноста од нејзина натамошна системска примена како алатка за подобри институционални перформанси и поголема отчетност.

Посебно била нагласена досегашната успешна соработка со Австрија преку Австриската агенција за развој и KDZ – Центарот за истражување во јавната администрација, вклучително,како и студиската посета на институции во Виена од страна на претставници од Министерството во рамки на TAIEX програмата. Овие активности беа оценети како значаен придонес кон размена на знаења и приближување кон европските практики во управувањето со јавниот сектор.

На средбата била изразена заедничка подготвеност за натамошно продлабочување на соработката, особено преку развивање на поинтегрирана и долгорочна рамка за поддршка на реформите. Двете страни се согласија дека следната фаза на трансформација на јавната администрација бара системски пристап, силна институционална координација и континуирана меѓународна поддршка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content