СДС во уплав од ОДГОВОРНОСТ продолжува да глуми емпатија со ЧУВСТВАТА НА БУГАРИЈА

Нов ден, нова релативизација и уште понова понуда на СДС до Бугарија: „Аман, помогнете ни некако да дојдеме на власт, ќе направиме се’ што треба и не треба. За да врхушката остане на слобода…“ повикаа јавно од Бихаќка, пак…

Очигледно, им легна субмисивноста и мекотелноста на „лидерот“ Венко, кој по налог на Заев деновиве е поголем Бугарин од Аспарух.

Но Филипче се уморил од бугарашење и премногу го замарало тоа што не можел да види бугарски атак врз македонскиот идентитет, а многу се мачел и обидувал деновиве пустиот, па на ред дојде Богданка, која ѓоамити некаква си  Богданислава така фуриозно и инфантилно популистички и манипулаторски вресна:

„Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее.

Кога сите граѓани, без разлика на етничка припадност, се дефинирани и заштитени со највисокиот правен акт на државата, тоа ја зголемува кохезијата на општеството и ја зацврстува македонската државност.

На пример нашите сограѓани Србите, кои се значително повеќе во Македонија од Бугарите и Хрватите, според последниот попис, исто така не претставуваат никаков проблем за идентитетот.

Прашува, зошто ВМРО-ОКГ не се плаши од нив, а се плаши од Бугарите, на кои според пописот се само 3.504?“ списка членката на ИО на Венко (читај Заев).

Не сфаќаат ли дека со овој индолентен стил на опозиционирање и глумење на некакви си космополити се повеќе тонат и тонат во сопствената тиња, она, кога преташ во жива кал. Жива глупост ли беше.

А се што требаше е да признаат дека ја утнаа со Францускиот предлог.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content