Газдата на фирмата “ХСА- КОНСТРАКШН” што фрлаше шут во Лисиче е обвинет и за смртта на Јорго Ќука – веќе бил осудуван во „Синџир“

Газдата на фирмата „ХСА-Констракшн“, чиј камион деновиве беше фатен при нелегално истурање градежен шут во Ново Лисиче, е веќе познат на истражните органи и во моментов му се суди за смртоносната сообраќајна несреќа во која загина поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука.

Станува збор за Харис Качапор, сопственик на ХСА-Констракшн, против кого се води судски процес за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, за што е предвидена затворска казна од четири до 20 години.

Сообраќајната несреќа во која животот го загуби Јорго Ќука се случи на 3 ноември на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје. Според информациите, по несреќата Качапор го оставил возилото и заминал од местото, а полицијата го уапсила неколку часа подоцна во болница.
Тој тогаш се бранел дека не избегал, туку отишол на лекарски преглед. По приведувањето му биле изречени мерки на претпазливост.

Освен актуелниот процес, Качапор претходно бил опфатен и во случајот Синџир, каде се гонел за „злосторничко здружување“, „даночно затајување“ и „перење пари“. Во предметот како организатор се споменуваше Љупчо Пецов Ѓаволот, кој во тоа време беше во бегство.
Качапор тогаш склучил спогодба со обвинителството, добил условна казна и обврска да врати средства во државниот буџет.

Неговата фирма „ХСА-Констракшн“, со седиште во селото Батинци, е формирана во 2014 година и се занимава со нискоградба, ископи, собирање шут, подготовка на терен и тампонирање. Според податоците од Бизнис мрежа, компанијата во 2025 година пријавила добивка од околу 359.000 евра.
Токму камион на оваа фирма беше снимен како истура градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче. Видеото го објави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

На снимката се гледа како камионот истовара градежен отпад на јавна површина, додека Митески повикува инспекција и полиција. Во еден момент, возачот на камионот му подава телефон на градоначалникот за да разговара со друго лице, а потоа бега од местото.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content