Меџити: ВЛЕН станува една политичка сила – почнува нова ера за Албанците

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, преку емотивна и силна порака објави дека започнува ново политичко поглавје за Албанците во Македонија, најавувајќи обединување во една политичка сила под името „ВЛЕН“.

Во објавата, Меџити порача дека ова не е само политичка одлука, туку историски момент кој, како што наведува, не бил создаден „со калкулации, туку со верба“, и не со поделби, туку со обединување.

„Од многу гласови – еден глас. Од многу партии – една сила. Од надеж – победа“, напиша Меџити, нагласувајќи дека „ВЛЕН“ треба да стане заеднички албански политички фронт.

Тој во пораката истакнува дека новото обединување не е создадено за „поделба на функции и фотелји“, туку за, како што наведува, „промена на албанската политичка историја“.

Според Меџити, Албанците повеќе не сакаат изговори, туку конкретни резултати, развој, нови работни места и политичка сила која реално ќе одлучува.

„Албанците сакаат политика што навистина ги претставува и албанска моќ што одлучува. А таа сила денес има име – ВЛЕН“, порача тој.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content