Генералниот секретар на Советот на Европа: Бугарија е должна да ги спроведе пресудите на ЕСЧП

Генералниот секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, изјави дека сите земји-членки на организацијата, вклучително и Бугарија и Македонија, имаат обврска да ги спроведуваат пресудите на Европски суд за човекови права.

Во интервју за МИА, Берсе се осврна на пресудите поврзани со македонското малцинство во Бугарија и нагласи дека суштината на тие одлуки е да се овозможи регистрација на организациите.

– Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, туку и да се прифати обврската за спроведување на сите пресуди на Европскиот суд за човекови права – изјави Берсе.

Тој потсети дека во последните две децении судот донел 14 пресуди во кои е утврдено прекршување на членот 11 од Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на слободата на здружување.

Берсе истакна дека прашањето редовно се разгледува од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој го следи спроведувањето на судските пресуди во земјите-членки.

– Одлуките на судот се јасни и тие мора да бидат спроведени. Не можеме да прифатиме ситуација во која тие нема да се реализираат – нагласи генералниот секретар на Советот на Европа.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content