Македонците во Швајцарија добија свој православен храм на Ѓурѓовден

Во Локарно, Швајцарија, токму на големиот христијански празник Ѓурѓовден, македонската православна заедница доживеа момент кој долго време го очекуваше. Македонската православна црковна општина „Пресвета Богородица“ го заокружи процесот со официјално потпишување на договор за купопродажба на храмот во Локарно Монти.

Со овој чекор, македонските верници во регионот конечно добиваат сопствен духовен простор, кој се очекува да прерасне во центар на верата, заедништвото и негувањето на националниот и духовниот идентитет.

Од заедницата порачуваат дека овој настан не е само административен или имотен чин, туку резултат на долготрајна посветеност, истрајност и заедничка вера која ги обединила верниците низ годините. Новиот храм се гледа како место каде ќе се собира дијаспората, ќе се одржуваат богослужби и ќе се пренесуваат традициите на идните генерации.

Особена благодарност е упатена до сите кои со поддршка, труд и верба придонеле овој долгогодишен сон да стане реалност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content