Министерството за локална самоуправа и универзитетите договорија науката да се стави во употреба на реалните потреби на општините

Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка.

Меморандумите имаат за цел да ја поврзат академската експертиза и научно-истражувачкиот потенцијал со реалните потреби на општините, преку заедничко делување во областите што се од надлежност на општините.

„Потпишувањето на Меморандумите за соработка поттикнуваат заедничко делување во областите што се во фокус на  Ресурсниот центар за поддршка на општините и претставуваат значаен чекор во насока на јакнење на капацитетите на општините“, изјави министерот Перински.

Меморандуми за соработка беа потпишани со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, претставуван од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски, Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, претставуван од проректорот проф. д-р Атанас Христов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, претставуван од ректорот проф. д-р Игор Неделковски, Универзитет во Тетово, претставуван од ректорот проф. д-р Јусуф Зејнели, Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Беким Фетаји и Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, претставуван од ректорот проф. д-р Садудин Ибраими.

Преку оваа иницијатива ќе се поттикне експертска поддршка за општините, во насока на унапредување на локалниот развој и подобрување на услугите што ги добиваат граѓаните.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content