ВРЕДИ: Владата има стабилно и значително мнозинство, со обединувањето ја зацврстуваме позицијата на полтичката сцена

ВРЕДИ е во завршна фаза на обединување во единствен политички субјект, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантна сила на политичката сцена во Македонија, велат од ВРЕДИ.

-Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во државата. Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува, се наведува во соопштенмието од ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално. И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го покажуваат тоа ВРЕДИ освои 10 општини, односно околу 80% од општините со доминантно албанско население. Тоа е јасна и недвосмислена потврда каде е довербата на граѓаните. Сметаме дека главниот фокус треба да биде испорака на политики што ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните и ќе ги зајакнат сервисните функции на извршната власт, посочуваат од ВРЕДИ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content