Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на денешната пресуда: Бараме одговорност без компромис

Тројца полицајци од Кочани беа прогласени за виновни во случајот „Пулс“. На Кире Богатинов и на Горан Лазаров, Судот им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков условна казна од две години. Тоа значи дека обвинетите нема да одат во затвор, доколку не сторат ново кривично дело во период од четири години.

Од здружението „16 март“ реагираа во врска со пресудата. Според нив ова е минимизирање на одговорностаи јасен сигнал дека системот се штити сам себе наместо како што велат да се соочи со сопствените пропусти.

За нив ова не е правда туку формалност.

„За злоупотреба на службена должност, законот предвидува до 10 години затвор, а денес имаме условни казни – и тоа за утврдена злоупотреба во систем што со години дозволувал незаконитости, чие непостапување создало услови за трагедија со 63 изгубени животи и над 200 повредени.

Закон vs реалност:

Законот предвидува затвор (6 месеци до 3 години, до 5 години, или најмалку 3 години – во пракса до 10 години), а во конкретниот случај, и покрај утврдената вина, изречена е условна казна, без ефективен затвор.

Овој драстичен несразмер меѓу вина и последици не е случаен – тоа е минимизирање на одговорноста и јасен сигнал дека системот се штити сам себе, наместо да се соочи со сопствените пропусти.

Ова не е правда. Ова е формалност.

Очекуваме повисоките судови да ја преиспитаат пресудата и да обезбедат одговорност што ќе биде во согласност со тежината на последиците.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content