Важно соопштение до возачите за системот „Безбеден град“

Сопствениците на возила при регистрација ќе добиваат верификациски код на својот мобилен телефон и електронска адреса, со цел да се намалат можните грешки при испраќањето на казните од системот „Безбеден град“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при регистрација во станиците за технички преглед или во управните служби, граѓаните на шалтер ќе треба да остават точен телефонски број и е-пошта. Потоа, на наведените контакти ќе им биде испратен код за потврда, со што се верификува дека податоците навистина му припаѓаат на сопственикот на возилото.

Со оваа постапка, МВР има за цел да спречи евентуални пропусти и неправилности во доставата на санкциите. Казните од „Безбеден град“ и понатаму ќе се испраќаат преку СМС пораки и електронска пошта до сторителите на прекршоците.

Видеото може да го погледнете тука

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content