ВМРО-ДПМНЕ: Филипче доби шлаканица од Вајц, европратеникот вели Македонија има напредок на патот кон ЕУ

Венко Филипче вечерва доби шлаканица и тоа директно од европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Еве сега и ќе му објасниме на Филипче зошто се занимава со глупости.

Прво, Вајц вечерва јасно кажа интервјуто е старо и оти дадено е пред седум недели.

Второ, Вајц јасно се осврнува на напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, односно на реализирање на европската агенда.

Му даваме совет на Филипче ако сака да оди напред нека гледа напред, исто така ако сака да оди напред треба да ги следи навреме работите и да не шири лажни вести, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content