На дневен ред извештајот на министерот Муцунски во собраниската расправа за надворешна политика

Денес во Собранието е закажана седница на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, на која ќе се разгледуваат актуелните надворешнополитички прашања.

Во фокусот на расправата ќе се најде Извештајот што го поднесе министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој се однесува на досегашното спроведување на надворешната политика на државата, како и на активностите во рамки на меѓународната соработка.

Очекувањата се дека членовите на Комисијата ќе отворат дискусија за клучните дипломатски приоритети и насоките во кои се движи државната надворешна политика во тековниот период.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content