СДС продолжува со инфантилниот наратив за 27-ми април: „Наместо правда, обиди за рехабилитација на насилниците“?!
И ДЕВЕТ ГОДИНИ по безобразлукот на кој кумуваше токму СДС и нивниот тогашен и сегашен лидер Заев, партијата очебијно ништо не научила.
И додека и врапчињата во државата ја знаат вистината за она што се случи на тој кобен ден за Македонија, само СДС продолжува со инфантилниот наратив.
Цела држава и секој нормален човек очекува ново, праведно судење за обвинетите, кои 7 години се неправедно осудени како „терористи“, но на СДС тоа буквално како да им годи, па и натаму го бранат најголемиот виновник за она што се случи на 27.април 2017-та. Ликот кој потоа го смени исконското име и потпиша еден куп идиотски договори. Со иницијали ЗЗ.
Арно ама, тоа не ги засега СДС, кои сега глумат ѓоамити патриоти, а всушност се само една мзиерна киднапирана партија со членство со стокхолмски синдром, ќелепури кои денеска се распишаа:
„9 години од крвавиот 27 април. Ден кој останува најтежок потсетник колку брзо една недемократска и криминална власт може да ја оттурне државата во провалија. Насилството во Собранието, крвавите пратеници, ништо не смее да се заборави.
Но, уште пострашно е што денес ги гледаме истите тенденции. Истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица на ВМРО-ОКГ.
Наместо правда, обиди за рехабилитација на насилниците. Наместо демократија, повторно заробени институции, притисоци врз судството, напади врз опозицијата и медиумска контрола.
Под водство на Христијан Мицкоски, државата повторно се турка во истата опасна насока, кон заробена држава.
27 април не е само сеќавање. Тоа е опомена.
Никогаш да не се заборави, да не се повтори!“ треснаа од СДС.
Ова во паника го пишува екипата која е свесна дека ќе одговара за криминалот од 2017-та до 2024-та година.
Екипа, на која не и е лесно што можеби ќе ги чувствува благодетите на истите установи во кои неправедно ги сместија патриотите од 27-ми април.
Банда која има уплав од конечното доаѓање на правдата во Македонија.
