Николоски: Скопје како светска метропола, од 1 септември пуштање на првата линија од Градски воз

Проектот Градски воз е еден од најзначајните проекти според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Прво, многу ќе помогне во намалување на загадувањето во Скопје. Второ, ќе го смени стилот на живот особено за приградските населби и трето, мислам дека ќе воведе една култура на помалку користење на возила, повеќе користење на воз. И можеби најважното, да се почувствува Скопје како светска метропола, истакнува Николоски во поткастот на Курир.

Вицепремиерот додава дека Градскиот воз е она што ќе го види Скопје како модерно урбано живеење.

-Паметно ја користиме постојната инфраструктура само ја надградуваме. Веќе сме во напредна фаза на ревитализација и реконструкција на линијата која оди од Зелениково преку Драчево, поминува меѓу Аеродром и Кисела Вода и завршува кај Нова железничка. Би требало до крајот на месец јуни да биде завршено, за од 1 септември да почне да функционира Градскиот воз на оваа линија, истакнува Николоски.

Паралелно, додава тој, во моментов се работи на проектирање заедно со Градежниот факултет и очекува во втората половина на оваа година да објават тендер и за останатите две линии.

-Една која оди од Нова железничка преку Бутел, Скопје Север до Ѓорче Петров и втората која оди од Нова железничка станица преку Автокоманда, Маџари и завршува во Илинден. Очекувам истите да бидат завршени до крајот на 2027 година, почетокот на 2028 година кога овој проект ќе го добие целокупниот лик, вели вицепремиерот Николоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content