Николоски: Ако не се краде, има пари – Буџетот е во одлична кондиција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во поткастот на Курир одговарајќи на прашање во врска со состојбата на државниот буџет истакна дека ако не се краде, има пари.

-Чесно настапивме, нема корупција, нема криминал. Во такви услови пари се наоѓаат. Прво се подготвени меѓународните кредитори, или инвеститори да вложат пари кога гледаат дека има транспарентен процес, вели Николоски.

Вицепремиерот нагласи дека буџетот е во одлична кондиција.

-Најголемо внимание посветува премиерот, но огромна работа прави и министерката за финансии, да во тешки услови на светска глобална криза и со војната во Украина, а сега уште повеќе и со војната во Иран, буџетот да е во оваа кондиција е нешто со кое ретко која држава може да се пофали. Тоа ни дава голем простор да можеме инфраструктурно да инвестираме бидејќи вакви големи проекти без директна посветеност на премиерот, без поддршка од министерот за финансии, не се прават, и затоа сакам да им се заблагодарам, посочува Николоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content