Николоски: Сакаме да ја искористиме уникатната положба на Македонија, ЕУ ни помага во изградбата на коридорите

Во поткастот на порталот Курир, како што информира Министерството за транспорт, Николоски посочува дека од ЕУ се заинтересирани и за коридорот 10,  најдолгиот и највитален коридор, кој почнува во грчкото пристаниште Пиреја и завршува во главниот град на Финска, Хелсинки.

„Така што многу се заинтересирани за двата коридора. Ние имаме среќа што двата паневропски коридори се сечат источно од Скопје, а третиот европски Коридор 4 поминува паралелно со нас во Бугарија, така што имаме уникатна положба и се обидуваме да ја искористиме. Оваа географска позиција сакаме да ја искористиме и да донесе економски бенефит за граѓаните и подобар живот на граѓаните“, истакна вицепремиерот Николоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content