Стојаноски: Измените на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство го модернизираат начинот на кој државата добива идеи и проекти, но без можност за исклучоци или привилегии
Како група на пратеници во Собранието поднесовме измени на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство. Сметаме дека е важно овие измени да се објаснат јасно, прецизно и врз основа на фактичката содржина на предлог-законот, бидејќи дел од информациите во јавноста не соодветствуваат со она што навистина се предлага, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.
Тој потенцираше дека ова е најважниот елемент, подносителот на иницијативата: не добива автоматско право на договор, не добива гаранција за победа на јавната набавка, не добива директна концесија. Сите понатамошни постапки се спроведуваат преку отворена и транспарентна јавна набавка.
Заклучок. Овие измени не го менуваат принципот на системот. Тие го модернизираат начинот на кој државата добива идеи и проекти, овозможуваат повеќе иновации и поголема динамика во подготовката на јавни инвестиции, но без да се отвори простор за исклучоци или привилегии. Идејата може да дојде од приватниот сектор, но одлуката останува исклучиво на државата, додава пратеникот Стојаноски.
