Трајков: Реформската агенда дава резултати

„Преку усогласувањето со европските политики, ние не само што ги прифаќаме стандардите, туку создаваме услови за долгорочен економски раст базиран на одржливост,“, рече Трајков.

Дополнително, беше потенцирано дека Реформската агенда веќе не е само стратешки документ, туку процес што дава конкретни и мерливи резултати. Преку неа, како и преку европските механизми за поддршка, се обезбедуваат значајни финансиски средства за инвестиции и спроведување на реформите.

Институциите, како што беше истакнато, имаат клучна улога во обезбедување на пристапност и ефикасно искористување на овие можности од страна на сите засегнати чинители.

Оваа конференција претставува уште една потврда за посветеноста на земјата кон забрзување на реформите, зајакнување на економијата и постигнување одржлив развој во согласност со европските вредности и политики, соопшти Министерството за европски прашања.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content