Петрушевски: Газдата на СДС Заев се врати, а Филипче како да е во транс и уште си игра претседател

Откако во понеделникот на прославата на СДС се појави Зоран Заев се потврдија тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека Заев е тој кој ја води партијата, а не актуелниот претседател Венко Филипче, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

-Јасно се виде дека Заев е газда, а Филипче слуга. Јасно се виде дека Заев менаџира, а Филипче добива задачи и испорачува.

И додека на целата јавност и е јасно кој што е во СДС, Филипче никако да се помири со вистината, па вчера вели вистинскиот претседател сум јас! Филипче како да е во транс!

Веќе е кристално јасно дека другарот на Заев, Филипче е само изведувач на криминалните работи на реалниот газда Заев.

Почитувани, тука е проблемот, проблемот е што газдата на СДС е Заев. Зошто? Затоа што Заев е лик кој е олицетворение на криминал и лик кој продава се, ја продаде државата под превезот на договори со соседите за наводни добрососедски односи. А реално, Заев ги продаде државните интереси без око да му трепне.

Затоа колку побрзо Филипче се свести дека токму поради ова СДС оди кон пропаст толку пoдобро за негово, за луѓето кои ги собра околу него, за партијата и секако за државата.

Ако Филипче сака да покаже дека е претседател на СДС, дека сака да ја врати СДС во живот, да застане СДС на нозе и воедно да биде сфатена од јавноста како сериозна опозициска партија, треба да се огради од криминалите и предавствата на Заев, порача Петрушевски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content