Годишнина од убиството на Јане Сандански, пиринскиот цар – еден од најголемите македонски синови

„Јас повеќе пати сум се среќавал со Сандански во различни моменти од неговиот живот. Малкумина луѓе на Балканскиот Полуостров ми имаат оставено таков силен, таков целосен и таков длабок впечаток каков што ми има оставено овој поборник за македонската независност. Од него зрачеше најпотполна храброст, самоконтрола и огромна, непоколоеблива енергија.

Се чувствуваше дека со својот тивок, длабок глас, тој умее да дава наредби, кои во критичните моменти никој не се решаваше да не ги исполни. Неговото огромно честољубие беше совршено видливо… Макар што му недостигаше што годе сериозно образование, тој беше човек со голем ум, со превосходно познавање на Македонија и македонскиот народ, и со истенчено чувство да се ориентира во политичките прашања на секој даден момент. Сред македонското селанство, Сандански уживаше огромна популарност…“

Ова се зборовите на рускиот писател и публицист Василиј Водовозов (Василий Васильевич Водовозов) на првата годишнина од убиството на Сандански, кога напишал куса биографија за него.

Јане Сандански е убиен на денешен ден – 22 април 1915 година.

Тој, пиринскиот цар, еден од најголемите македонски синови, е роден 31 мај 1872 година во мелничкото село Влахи во Пиринска Македонија. Лозата му е револуционерна.

Татко му Иван Сандански бил знаменосец на чета во Кресненското (Македонското) востание од 1878 година, кога Јане имал само 6 години, а во Влахи бил и главниот штаб на востанието. Бидејќи по востанието селото било опожарено од Турците, семејството на Сандански се сели во Дупница во Бугарија.

Во 1897 година во Дупница, Сандански станува член на друштвото Младост, потоа и негов претседател, а целта како што ќе нагласи Сандански била „самообразование и групирање“. Уште како гимназијалец Сандански читал револуционерна литература, а негов најголем интерес биле историјата и општеството.

Влегување во ВМРО

Во 1899 година Јане првпат се сретнал со Никола Малешевски и со Гоце Делчев, а набргу потоа и со Ѓорче Петров. Тие детално го запознавале со програмата и идеологијата на ВМРО, која набргу ќе стане светост за Сандански.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content