Денес обвинителтвото во Штип ќе ги изрече завршните зборови во случајот за бруталното убиство на Борјанка Николова

Во Основниот суд во Штип денеска завршува еден од најтешките и најморничави судски процеси во последниот период, поврзан со смртта на 79-годишната Борјанка Николова.

Пред судскиот совет, на чело со судијката Јулијана Неткова, странките ќе ги изложат своите конечни ставови. Со завршните зборови практично се затвора доказната постапка, по што се очекува судот да донесе пресуда за случајот кој ја потресе јавноста уште од самиот почеток.

Обвинението се однесува на убиство за кое се тврди дека било извршено во текот на есента минатата година. Случајот доби особено вознемирувачки димензии кога делови од телото на жртвата беа пронајдени на повеќе различни локации.

Како обвинет се јавува 74-годишниот Денис Асанов, кој до овој момент категорично ја отфрла вината. Сепак, според истрагата, тој не дал јасно објаснување за тоа како делови од телото на Николова завршиле токму во неговиот двор, што останува една од клучните спорни точки во постапката.

При претресот на неговиот дом, во рамки на потрагата по исчезнатата жена, истражните органи пронашле материјали и предмети кои, според обвинителството, дополнително го засилуваат сомнежот. Меѓу нив се наведуваат и наоди кои отворија прашања за негови лични навики и однесување, вклучително и откритие на кукла во природна големина поставена во спалната соба.

Сега, со завршните зборови, случајот влегува во својата финална фаза, по што останува да се види каква одлука ќе донесе судот во еден од највознемирувачките предмети што се воделе пред овој суд.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content