ВЛЕН: ДУИ имала моќ, но не и волја да го реши проблемот со правосудниот испит

Политичката коалиција ВЛЕН обвини дека со години институциите не овозможиле полагање на правосудниот испит на албански јазик, и покрај тоа што Министерството за правда било раководено од повеќе министри од ДУИ.

Според нив, во изминатиот период на чело на Министерството за правда се менувале имиња како Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Лога, но, како што велат, ниту еден од нив не направил суштинска промена во однос на ова прашање.

Од ВЛЕН посочуваат дека постои документ потпишан од Талат Џафери, кој, според нив, ја потврдува одлуката со која албанскиот јазик бил изоставен од полагањето на правосудниот испит. Дополнително, тврдат дека законското решение било донесено со поддршка и од пратеници Албанци.

Коалицијата ја обвини ДУИ дека, како што наведуваат, јавно се претставувала како заштитник на интересите на Албанците, додека во институциите носела одлуки спротивни на тие интереси.

Од ВЛЕН оценуваат дека во целиот процес не недостасувале политичка моќ, позиции или време, туку, како што велат, изостанала вистинската волја за решавање на проблемот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content