Координативен состанок во ЦУК за превенција од шумски и пожари на отворен простор

Раното предупредување и превенцијата од пожари на отворен простор и шумски пожари беа во фокусот на денешниот координативен состанок на субјектите од системот за управување со кризи што се одржа во Центарот за управување со кризи.

Како што соопштуваат од ЦУК, на состанокот, директорот на ЦУК, Мухамет Али, заедно со претставници на надлежните институции, разговарале за тековните состојби, преземените превентивни мерки и активностите поврзани со справувањето со ризиците од пожари на отворен простор и шумски пожари.

-Во фокусот на дискусијата беа расположивите човечки и технички капацитети, како и потребата од брза, навремена и координирана реакција на локално, регионално и национално ниво-стои во соопштението од ЦУК.

Целта на средбата, како што дополнуваат, била зајакнување на меѓуинституционалната координација, подобрување на комуникацијата и прецизно дефинирање на приоритетите за ефикасна превенција и одговор при пожари од пошироки размери.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content