Муцунски: Исполнување на копенхашките критериуми, но клучна е и подготвеноста од ЕУ за реформи за прием на нови членки

Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтеграцискиот процес мора да се темели на исполнување на копенхашките критериуми од страна на земјите кандидати, но клучна е и подготвеноста на самата Европска унија да спроведе неопходно внатрешни раформи за прием на нови членки – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево.

Посетата на белгискиот колега Прево, Муцунски нагласи дека ја искористил, да ја поздрави континуираната и принципиелна поддршка од Белгија на патот кон полноправниочленство во Европската Унија.

-Разговаравме и за потребата од мудри, но и храбри геостратешки одлуки во време кога европската безбедносна архитектура се соочува со сериозни искушенија – порача Муцунски, нагласувајќи дека го информирал Прево за напредокот постигнат во евроинтегративниот процес, како и за „цврстата, јасна и безусловна посветеност на нашата Влада кон реформската агенда“.

Министерот Муцунски, на заедничката прес-конференција со белгискиот колега Прево, рече дека неговата посета е значајна за нас и регионот особено во контекст на сериозните геополитички предизвици што директно влијаат врз мирот, стабилноста и иднината на Европа.

-Во изминатите три децении изградивме силно пријателство, интензивен политички дијалог и стабилно партнерство. Јасно ја изразив нашата определбата со Кралството Белгија и натаму да го развиваме пријателството и продлабочуваме врз основа на меѓусебна почит, доверба и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот и пошироко. Посебен акцент ставивме на унапредувањето на економската соработка – порача Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија изрази убедување дека со заедничка политичка волја и со силна поддршка на бизнис заедницата, можеме да отвориме нов простор за поинтензивна економска размена и повеќе директни инвестиции. На почетокот, Муцунски, исто така, ја поздрави и солидарноста по трагедијата во Кочани, каде Белгија учествуваше со транспрот и лекување на неколку наши пациенти.

Белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, пак, порача дека Северна Македонија може да смета на Белгија како цврст и сигурен сојузник на нашиот пат за пристап кон Европската Унија.

-Белгија продолжува цврсто без никаква двосмисленост да го поддржува европскот пат на Северна Македонија. Цврсто сум убеден дека билатералните прашања, кои што сите ги знаеме, и коишто вашата земја ги знае, не треба во ниту еден момент да го спречат процесот на пристапување. Јас и понатаму ќе продолжам да се залагам за преведен и кредибилен процес на проширување, којшто ќе го награди напредокот, но и посветеноста, а вие веќе имате голем напредок и посветеност во овој домен – порача Прево.

Паралелно, според Прево, напредокот, исто така, бара и почитување на заедничките преземени обврски, особено поврзани со реформите, со владеење на правото, но и уставните измени кои беа договорени во 2022 година.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content