РЕК Битола: Битола 3 исклученa од мрежа по дефект на цевка во котел

Термоелектраната Битола 3 е исклучена од електроенергетската мрежа поради скината цевка во еден од сегментите на котелот, информираат од АД ЕСМ.

Според податоците од компанијата, исклучувањето се случило вчера во 18 часот, по што веднаш се преземени мерки за враќање во погон на Битола 1. Очекувањата се дека овој блок ќе биде синхронизиран и повторно приклучен на мрежата во текот на денешниот ден.

Од РЕК Битола појаснуваат дека, благодарение на поволните хидролошки услови и намалената потрошувачка на електрична енергија, комбинатот и претходно функционирал со само еден активен блок. Ваквиот режим на работа, велат оттаму, ќе продолжи и во периодот што следи.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content