ВМРО-ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави
Венко Филипче и актуелното раководство на СДС, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче, ако продолжиш да се возиш на приказната на Заев, СДС може да се соочи со исчезнување од политичката сцена. Секако, криминалите на другар ти Заев мора да ги истражат надлежните правосудни органи во Македонија, додаваат од владејачката пртија.
