Божиновска: Денес, повеќе од кога било, ни треба вера и избор да останеме луѓе, да подадеме рака и да не се откажеме еден од друг

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод Велигден упати честитка до граѓаните дека денес повеќе од кога било ни е потребна вера и избор – да останеме луѓе.

-Велигден потсетува – верувајте, секогаш има нов почеток. И секогаш има светлина. Денес, повеќе од кога било, ни треба вера – не како навика, туку како избор. Избор да останеме луѓе. Да подадеме рака. Да не се откажеме еден од друг, истакнува Божиновска во честитката.

Таа додава дека во свет што нè оттурнува во брзање и поделби, вистинската сила е да застанеш – и да избереш добрина.

-Зашто најголемата победа не е да бидеш посилен од другите, туку да останеш човек. Денес нека биде ден кога ќе поверуваме вистински – во доброто, во иднината, во нас. Мир во домот. Топлина во срцето. Светлина во мислите. Христос воскресе!, наведува министерката Божиновска во честитката по повод најголемиот христијански празник Велигден.(МИА)

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content