Собранието усвои измени: Возачи со Б категорија наскоро ќе можат да управуваат мотоцикли до 125 см³

На вчерашната седница, Собранието на Република Македонија усвои измени на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, кои ќе им овозможат на возачите со B-категорија да управуваат мотоцикли до 125 см³.

Според новите правила, за ова ќе се бараат неколку предуслови: кандидатите мора да имаат најмалку пет години возачко искуство, да бидат постари од 23 години и да ја завршат предвидената теоретска обука за мотоцикли.

Министерството за внатрешни работи сега треба да ги утврди деталите за обуката и начинот на издавање потврди, по што новите правила ќе стапат на сила.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content