Венко Филипче: ,,Сега кажувам по трет пат во изминатите 3 недели – Христијан Мицкоски прави национално предавство на македонските национални интереси!‘‘
Оваа изјава на претседателот на СДСМ само зборува колку тој и неговата партија се наоѓаат во зона надвор од реалноста. Колку не ги разбрале пораките од народот на последователни 3 изборни циклуси и колку немаат намера да го сменат поданичкиот однос кон Бугарија.
Дополнително што Филипче не разбира или не сака да разбере зошто досегашните чекори на владите на СДСМ биле и се предавство на националните интереси.
Ако веќе е свесен дека премиерот и владеачката партија немаат ништо против вметнување на Бугарите и другите национални малцинства во уставот, тогаш зачудува фактот како не му е јасно зошто таа последна отстапка кон Софија, без соодветна гаранција и реципроцитет значи крај за македонските национални интереси.
Како е можно Филипче да не гледа што се крие не зад отворената, туку зад подотворената врата на ЕУ? Дали во ,,раката на срце‘‘ и лагите на Заев верува само уште тој и неговата партиска раководна свита? Дали навистина не разбираат/не знаат што е национално предавство?
Па еве неколку примери!
Национално предавство е:
– да го смениш уставното име, без притоа да влезеш и во Европската Унија.
– да прифатиш преговарачка рамка со вметнат втор протокол од меѓувладината седница со Бугарија.
