АХВ спречи увоз на над 10 тони јагнешка кожа поради ризик од чума

На граничниот премин Ќафасан, официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) навремено спречија потенцијален здравствен ризик, одбивајќи пратка од над 10 тони јагнешка кожа од Република Албанија, која требаше да транзитира низ Македонија.

Одлуката дојде како дел од засилените превентивни мерки за заштита од чумата кај мали преживари, болест што е присутна во соседната држава. Пратката веднаш беше вратена на испраќачот, со што се спречи можно ширење на заразата.

„Со оваа акција, АХВ повторно ја потврдува својата улога како стражар на јавното здравје и безбедноста на храната, како и како клучен чувар на домашното земјоделско производство“, велат од агенцијата, истакнувајќи го професионализмот и брзината на реакција на нивниот тим.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content