ВАЈЦ ЗА БУГАРСКИОТ АЗДИС: Ниту една друга кандидатура не e условена со идентитетско-политички прашања

Известувачот за Македонија, Томас Вајц, во нонпејпер до Европскиот парламент побара разјаснување дали вториот протокол од седниците на Мешовитата македонско-бугарска комисија е обврзувачки во македонската кандидатура за членство во Европската унија.

Дали протоколот е обврзувачка компонента на преговарачката рамка на ЕУ или само билатерален инструмент меѓу земја-членка и земја-кандидат, без директно правно дејство во Унијата, повикувајќи се на членовите 2 и 49 од Договорот за ЕУ за почитување на човековите права, е прашањето во нонпејперот поврзан со амандманот 108 за извештајот за Македонија

„Доколку протоколот содржи идентитетско-политички услови (толкувања на историјата, лингвистичка класификација, содржина на учебници), ова може да биде во конфликт со заштитата на македонскиот национален идентитет и јазик што самата ЕУ постојано го признава. Ниту една друга кандидатура за пристапување не е оптоварена со споредливи барања за идентитетско-политички прашања од една земја-членка. Ова го поставува прашањето дали структурниот диференцијален третман на земјите-кандидатки во процесот на пристапување е компатибилен со општиот принцип на еднаквост“, се вели во документот.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content