Божиновска на средба со советник на Трамп за стратешката енергетска соработка

„Средбата се одвиваше во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус на стратешките приоритети и конкретните насоки за унапредување на соработката, при што од двете страни беше оценета како особено продуктивна и корисна“, велат од Министерството.

Џарод Аген, додаваат, е висок функционер со значајна улога во креирањето и координацијата на енергетските политики на САД, со директен увид во стратешките приоритети и развојните процеси во секторот. Неговото искуство и познавање на глобалните енергетски текови претставуваат важна основа за развој на идни партнерства и проекти.

„На средбата беа разменети ставови за унапредување на двостраната соработка во енергетскиот сектор, со акцент на енергетската безбедност и стабилност на снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори, како и развој на стратешки инфраструктурни проекти од заеднички интерес“, се вели во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Министерката Божиновска ја истакнала подготвеноста на Македонија за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи, нагласувајќи дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочна стабилност и развој на енергетскиот сектор.

Извршниот директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД, Аген, пак истакнал дека меѓу двете земји постојат толку многу можности за соработка што можат да го променат енергетскиот пејзаж во регионот со децении.

Соговорниците се согласиле дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

Од Министерството велат дека оваа средба е дел од серијата билатерални средби на министерката Божиновска, која како дел од високата владина делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, каде се разговара за унапредување на соработката со САД во повеќе клучни области: енергетика, економија, безбедност и технологија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content