Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг од граѓаните се уште ги слуша Башановиќ и Заев

Филипче со 3,6% рејтинг од граѓаните се уште ги слуша лошите совети на Башановиќ и на Заев. Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДС, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче заедно со Заев и Башановиќ ја доведоа СДС на раб на статистичка грешка. Филипче функционира само по директива на Заев, а сега со новиот ПР шеф Башановиќ продолжува кон тонење во политичкото мочуриште, додаде тој во изјавата.

Истите луѓе на Заев кои до пред неколку години заедно го водеа СДС, сега се здружени со Филипче и одат кон пропаст. Во Македонија нема опозиција поради Филипче и СДС. Нивните празни флоскули и демагогии кои ги шират во јавноста не поминуваат и граѓаните тоа го казнуваат, нотира во изјавата Манасиевски.

Реформи, дистанцирање и оградување од Заев и Филипче, токму ова му е потребно на СДС за да биде конструктивна, легитимна и кредибилна опозиција, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content