Трипуновски: Преку партнерски однос со земјоделците до раст на домашното производство

„Вечерва во Општина Радовиш се одржа четвртата трибина во рамки на кампањата ‘Гласот што го слушаме – македонско најдобро’. Дискутиравме за актуелната состојба и детално ја појаснивме Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година“, објави министерот Трипуновски на неговиот официјален фејсбук профил.

Во наредниот период, се додава во објавата, ќе продолжиме со посетите по општините, за да ги сослушаме полјоделците, овоштарите, сточарите, тутунарите. Заедно да ја постигнеме заедничката цел, да се зголеми домашното производство.

„Само преку партнерски однос можеме да креираме политики што ќе донесат резултати во земјоделството“, порача министерот за земјоделство Трипуновски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content