Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Намалена е видливоста до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец, информира ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Сите патни правци се проодни, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

-Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведува ЈП „Македонија пат“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content