Нов ден, нова срцепарателна прес-конференција на Бихаќка. Сега, напишаното од живата утка Башановиќ го читаше неуспешната новинарка Богданка. Веројатно, успешниот во белење бироа Шмрчко имал попаметна работа. Се шепка дека Црпко го натерал да ги врати во првобитната форма/боја. Од кафени, станале ѓоамити бели. Образот на СДС, пак, црн, ѓон како и секогаш…
Денеска, СДС си се врати дома. Велат, дека НАВРЕДАТА Е ПОСЛЕДНОТО ЗАСОЛНИШТЕ НА НЕСПОСОБНИТЕ. А „стратезите“ од Бихаќка, едноставно, не можат против себе. Природа. Па удрија онака како што знаат. Со навреди, клевети, лажги со опашки, со речник уличарски, поверојатно кочијашки. Вокабулар кој би бил непристоен и пред кооперација, каде маалските ајвани со пиво, ракиичка и месни наресак во бакалска харија посипан со вегета ги раскажуваат соседските дневни зезалици. И тие би се засрамиле и би поцрвенеле од СДС повраќаниците…
Така и Богданка. Иако, ја утнала бојата. Веројатно, им снемaло од РОЗОВИТЕ ОЧИЛА, та морала да го наметне РОЗОВОТО ЏАМАДАНЧЕ. На муабетот, подобро ќе и’ прилегаше нешто црничко, соодветно на образот на партијата и’.
Влезени во филм и силно понесени од нус-ефектите на иљачот на Шмрчко, си го кажаа она што им личи, им стои како „саливено“:
„Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата“, врекна без срам и перде од партиската говорница Кузеска.
За по десетина секунди да продолжи во истиот манир:
„Началникот Латас е повторно во акција – дефокус наместо леб“, свика лута што ја скорнале од кафе портпаролката, читајќи го нервозно сроченото од гуруто Башановиќ, куќното другарче и галениче на Заев.
И така, СДС се врати дома. На дното, поверојатно во неговиот подрум.
