Муцунски во работна посета на Полска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оствари работна посета на Република Полска.

Како што информира МНРиНТ, посетата е на покана од заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски.

-Ова е прва билатерална посета на министерот Муцунски на Варшава. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, особено економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови полски инвестиции, како и реафирмирањето на полската поддршка за македонската интеграција во Европската Унија. Воедно, ќе бидат разменети мислења за клучни регионални, европски, глобални и безбедносни прашања, информира Министерството.

Во рамки на посетата е предвидена тет-а-тет средба на двајцата министри, по што ќе следува пленарна средба на двете делегации, проследена со заедничка прес-конференција.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content