Трета судска одлука: Куќен затвор со електронски надзор

Управата за извршување на санкциите започна со извршување на третата судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја примена.

-Донесено е второ Решение за замена на казната затвор со куќен затвор со електронски надзор на лице кое требало да издржува казна затвор во казнено-поправна установа. Притоа, казната во траење од 1 година ќе се извршува во куќен затвор со електронски надзор. Решението е донесено од страна на Основниот суд во Охрид. Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и определените ограничувања пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација, информираат од Управата.

Пробациската канцеларија за подрачјето на Основниот суд Охрид како за претходниот случај така и за овој е во постојана координација со надлежните институции во врска со извршување на мерката, а Одделението за електронски надзор 24/7 ќе го следи извршувањето со помош на опремата за електронски надзор.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content