Екс советник на пропаднатиот премиер Заев држи лекции како новинар

Да се има образ во политиката и политичкиот дискурс е една од најважните работи, но за македонската опозиција тоа е незамисливо. Лекцијата која требаше да ја научат после катастрофалните порази не само што не ја научиле, туку нема ни да ја научат. Упорно со глава во ѕид удираат, функционирајќи во својот сопствен балон кој станува се помал во кој на крајот ќе останат само тие кои добро се нафатија за време на владите на Заев и Ковачевски.

И покрај тоа што сите ги научија, целата јавност ги виде седум години, какви се, тие и сега од опозиција настапуваат надмено, арогантно водејќи се по она на Заев дека тие се црпнати да водат, а другите да ги слушаат и покрај падот кај нив се уште работи Данинг-Кругеровиот ефект.

Во тој контекст насока да држи лекции како новинар, добива извесен Леон Бакрачески, познат по тоа што му беше советник на пропаднатиот премиер Зоран Заев. Така Леон на портал кој злоупотребува име на еден од најголемите македонски поети и револуционери, мудрува, држи лекции за значење на англицизми, па дури и за уставните измени, за ќорсокакот во кој владата во која советуваше ја втурнаа Македонија.

Да почнеме од англицизмите. Токму Зоран Заев ќе остане запаметен како премиерот кој ја срамеше државата со неговиот брилијантен англиски. Овој советников не успеал да го советува Заев да научи основно ниво англиски, не па англицизми и нивното значење. Не стигнаа до тоа.

И не само што Леон не го советувал Заев само за тоа, туку Заев е и премиерот со најмногу гафови во историјата, ама и премиер кој си измисли свој балкански есперанто и така се резилеше по интервјуа.

Но, советникот има успех, тоа беше да дели навреди на неистомисленици. Навредуваше жена и екс функционерка од СДСМ, а потоа ги навреди и сите и ги нарече прости само затоа што не се согласуваа со неговите ставови и тие на Заев.

Кога сме пак кај уставните измени, советников не успеа да го советува Заев дека со Договорот со Бугарија влегува замка која ќе донесе штета на државата и можност за вечни условувања од Бугарија. Не му текна дека договорот на тацна и дава на Бугарија можност да ја уценува Македонија вечно се додека не си ги исполни велико бугарските цели и да прикажат дека се пред 1944 година тука било бугарско, дека македонските револуционери биле Бугари, јазикот вештачки и така натаму. Визија и пол на советникот.

Понатаму да не зборуваме за тоа дека тоа е најлошата влада на земјава, влада на пропасти и лаги, измислени инвестиции, лажна кампања за европска иднина, а во реалноста економски пропаст и понижена држава.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content