Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати.

– Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето е во одлична кондиција, што значи дека има доволно деривати. Пазарната инспекција ги провери и оние пет дена што мора да имаат резервни колични, сите имаат. Што значи дека сега засега нема никаков проблем со снабдувањето, но ќе пратиме и понатаму и ќе видиме дали овој процент ќе остане ист и како ќе се одвива понатаму, рече Божиновска во Тема на денот на ТВ Сител.

Министерката кажа дека Владата разговарала со 95 проценти од снабдувачите и дека добиле уверување дека нема никаков проблем со снабдувањето.

– Тука е и ОКТА и продуктоводот. Сите не уверија дека нема проблеми. Ги имаме и стоковите резерви за околу 60 дена. Моментално нема никаков проблем, но ќе следиме како ќе се одвива потрошувачката и во пограничните делови, рече Божиновска.

Министерката исто така кажа дека 160 000 литри гориво се точи во пограничните региони бидејќи имаме најниска цена во регионот.

-Ќе дискутираме секако. Ние како држава ќе се залагаме што повеќе, тие како трговци ќе имаат свој став, меѓутоа кажувам дека се што ќе биде договорено ќе биде за намалување на тие ценовни шокови што ќе се одрази на финалната цена што граѓаните ќе ја видат, рече Божиновска.

-Утре ќе се јавиме пак и ќе видиме што може за понатаму да се направи се со цел граѓаните да немаат некои големи ценовни шокови, рече Божиновска.

Министерката не соопшти колкаво ќе биде владиното побарување за намалување на цените.

-Ќе дискутираме секако. Ние како држава ќе се залагаме што повеќе, тие како трговци ќе имаат свој став, меѓутоа кажувам дека се што ќе биде договорено ќе биде за намалување на тие ценовни шокови што ќе се одрази на финалната цена што граѓаните ќе ја видат, рече Божиновска.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content