Манасиевски: Порака до СДС, Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

На денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ одговараше на новинарски прашања.

Манасиевски беше прашан дека СДСМ денес повторно го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад директорот на државниот инспекторат за земјоделие, кој беше осомничен дека земал мито од 50.000 евра и за тоа беше и уапсен?

„СДС се однесува како мало дете на кое ќе му дадат колач и така се радува, исто така тие се радуваат и им е многу убаво на душата кога ќе се случи некаков криминал или корупција, а уште па ако личноста на некаков начин се поврзе со ВМРО-ДПМНЕ, тоа за нив е полн погодок.

Кога нивни лица се апсеа и се приведуваа за кои има основани сомнение дека сториле криминал, еве на пример Артан Груби, ние од СДС не слушнавме ниту дистанцирање ниту оградување, туку само бранење на криминалот кој тие директно или индиректно го овозможувале. За него не слушнавме вака гласно да говорат“ истакна Манасиевски.

Исто така, да ве потсетам, претседател на СДС и премиер на држава беше аболициран криминалец. Човек кој земаше едно евро за брат му и едно евро за црквата, за кои има снимки на интернет, и тоа може да се види. СДС за овој човек ниту се дистанцираше ниту се оградуваше, туку истиот стана претседател на партија, и стана премиер на држава. За него не слушнавме исто така вака гласно да говорат и да бараат правда, потенцира во одговорот тој.

И уште еднаш би сакал да го повториме нашиот став, кој е јасен, концизен и недвосмислен а тоа е, секој кој се огрешил спрема законот, без разлика дали е од СДС, ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидеме еднакви пред законот и со законот нема играње, одговори Манасиевски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content