Пратениците изгласаа дека државниот јавен обвинител не може да има двојно државјанство

Целта на овој амандман е да се зајакне интегритетот, независноста и веродостојноста на функцијата на јавен обвинител, како една од највисоките и најчуствителните јавни функции во правосудниот систем. За овој амандман гласаа осум пратеници, а еден беше против. Меѓу пратениците на денешната Комисија се разви дебата за овој амандман, а го прифатија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но не и пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека е прифатлив овој амандман за нивната пратеничка група, бидејќи ваква одредба да се нема двојно државјанство има и за македонските амбасадори.

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска позитивно се изјасни и истакна дека при реформите во АНБ, ваква одредба е донесена и за оваа институција.

Пратеничката Бендевска, пак, е на став дека не треба да се ограничува и треба да се води смета за граѓаните кои се иселиле и се враќаат назад во својата држава.

Од страна на пратениците од десетте разгледани амандмани на Предлог законот за Јавното обвинителство прифатен беше и амандманот кој се однесува на член 22, став 2 и со него се предвидува се избрши овој став, а се однесува на можноста јавниот обвинител кој постапува по конкретен предмет, во случај доколку не се согласува со мислењето од стручниот колегиум да се иземе од постапување. Двата амандмана се прифатливи и за Министерството за правда. Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците беше прекината поради одржување на седница на македонското Собрание, а работата на оваа Комисија ќе продолжи по завршување на пленарната седница.

МИА

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content