Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија.

На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна дека членството во Европска Унија останува наш стратешки приоритет, и покрај блокадата на процесот.

Сиљановска-Давкова потенцираше дека пристапниот процес треба да е заснован на заслуги, врз основа на исполнување на Копенхашките критериуми, со почитување на темелните европски документи, без билатерални условувања.

За неа, блокадата претставува сериозен проблем и опасен преседан што може да биде (зло)употребен и во други случаи, загрозувајќи го не само проширувањето, туку и безбедноста.

Потсетувајќи дека нашата држава е 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, претседателката истакна дека во време на сложени геополитички предизвици, најдобар начин за зајакнување на отпорноста кон трети страни е интеграцијата на земјите од регионот на Западниот Балкан во Унијата.

Соговорничките се согласија и ја потврдија важноста од натамошна соработка и ангажман на членките на ЕУ, вклучувајќи ја и Словачка, заради надминување на опструкцијата на македонското придружување кон ЕУ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content