ЈЗУ УK за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, се стекна со сертификат за акредитација – висок степен

ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, се стекна со сертификат за акредитација – висок степен на исполнетост на стандардите за обезбедување квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ).

Согласно спроведеното надворешно оценување, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи за примена на оптималното ниво на однапред утврдените национални стандарди за работа на здравствените установи, ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, се стекна со сертификат за акредитација во важност од три години.

Националните стандарди на акредитација на здравствените установи се изготвени согласно методологијата на ISQua (The International Society for Quality in Health Care ) и се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа. Акредитацијата во здравствени установи се спроведува согласно член 240 од Законот за здравствена заштита.

ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје како најголем национален и регионален центар покажа висок степен на исполнетост на стандардите кој овозможуваат квалитет и безбедност во лекувањето и грижата за децата со акутни и хронични респираторни заболувања.

Клиниката покажа дека се стреми кон постепено воспоставување на модерна педијатриска интензивен нега во третманот на најтешките пациенти, како и кон континуирана едукација и усовршување на медицинскиот кадар, со посебен акцент на нови медицински технологии, телемедицина и интердисциплинарна работа. Главните вредности ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле:

Клиниката покажа дека се стреми кон постепено воспоставување на модерна педијатриска интензивен нега во третманот на најтешките пациенти, како и кон континуирана едукација и усовршување на медицинскиот кадар, со посебен акцент на нови медицински технологии, телемедицина и интердисциплинарна работа. Главните вредности ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле:

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content