Сиљановска-Давкова напиша посебни пораки за сите 63 загинати во Кочани

Денеска во Кочани се одбележува годишнината од трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“, каде што животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

На одбележувањето беше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која положи свежо цвеќе, се потпиша во книгата на жалоста и присуствуваше на комеморативниот настан, како што пренесуваат медиумите.

Според објавите на МТВ, по завршувањето на настанот претседателката се упатила во спомен-собата каде што се поставени фотографии од починатите, а секој од нив има свој тефтер за посвети.

Сиљановска-Давкова напишала вкупно 63 пораки, по една за секоја од жртвите.

МТВ потсетува дека минатата година, веднаш по трагедијата, таа упатила лични писма со сочувство до семејствата на починатите.

МТВ потсетува дека минатата година, веднаш по трагедијата, таа упатила лични писма со сочувство до семејствата на починатите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content