Стоилковиќ: Сите вработени во Министерството се здравствено осигурени

Сите вработени во Министерството за односи меѓу заедниците имаат здравствено осигурување, порача преку својот Фејсбук-профил потпретседателот и министер Иван Стоилковиќ, одговарајќи на наводите кои се појавија во јавноста дека вработените во оваа институција се соочувале со загрижувачка ситуација и биле без здравствено осигурување.

„Ве информирам дека сите вработени, инаку на шовинистите за потсетување сега во министерството нема вработени само припадници на албанската заедница, туку има вработени и од другите заедници, во Министерството за односи меѓу заедниците имаат здравствено осигурување. Министерството редовно ги исполнува сите законски обврски во однос на пријавувањето и обезбедувањето на правата не само од здравственото осигурување, туку и од други бенефиции кои произлегуваат од работните односи.

Доколку имате потреба од дополнителни информации или појаснувања, ве молам да се обратите до СОЗР како надлежна институција за пресметка на плати и придонеси на Министерството за односи меѓу заедниците“, пишува Стоилковиќ, додавајќи дека од марксистичко-ленинистичка школа во новинарство и политика и не се очекува ништо друго, освен омраза, лаги, инсинуации и подметнувања кои во крајна инстанца не градат иднина.

„Само со почит и соработка може да се остварат реални резултати во работењето и функционирањето на државата во целина“, пишува уште Стоилковиќ.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content