Николоски: Стратешкото партнерство со САД гарантира стабилност и економски просперитет за Македонија (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска остварил неколку средби на високо ниво во Стејт департмент на САД, каде разговарал за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Николоски истакна дека САД се стратешки партнер број еден на Македонија и држава која најмногу ја поддржува земјата, при што на средбите било разговарано за продлабочување на економската и политичката соработка.

Во фокусот на разговорите биле и инфраструктурните проекти, особено Паневропски коридор 8 и Паневропски коридор 10, кои поминуваат низ Македонија и имаат значајна улога за регионалната поврзаност и економскиот развој.

Дополнително, било разговарано и за можностите за склучување трговски договор кој би овозможил зголемена деловна активност и поголема трговска размена меѓу двете држави.

„Стратешкото партнерство треба да значи просперитет, напредок, безбедност и зајакнување на прозападните вредности на Македонија“, посочи Николоски.

Видеото може да го погледнете тука

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content